Откриен планот на Реал: Анчелоти во Бразил, Алонсо во Реал, привремен менаџер Солари

April 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриен планот на Реал: Анчелоти во Бразил, Алонсо во Реал, привремен менаџер Солари

Сè погласно се зборува дека Реал Мадрид наскоро ќе му се заблагодари на Карло Анчелоти за досегашната соработка. По шокантното елиминирање од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, се шпекулираше дека Италијанецот ќе замине веднаш по финалето на Кралскиот куп, но засега тој останува на кормилото на „кралевите“. Иако официјално се уште е тренер, се чини дека прашање на денови е кога ќе биде донесена конечната одлука. Реал веќе го има избрано наследникот, а тоа е Чаби Алонсо, кој ќе се врати во Мадрид по успешната авантура со Леверкузен, а каде што како играч мина пет славни сезони и запиша над 150 настапи. Додека Алонсо не ја преземе екипата, привремената улога ќе ја добие Сантијаго Солари, пренесува „Релево“. Солари, актуелен директор за фудбалски операции во клубот од 2022 година, краткорочно ќе го води тимот, вклучително и на Светското клупско првенство. Инаку, Солари веќе има искуство како привремен тренер на Реал, кога во 2018 година, по отпуштањето на Хулен Лопетеги, ја водеше екипата две недели, максималниот рок дозволен од шпанската федерација за привремени решенија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.