Усеини: Во Воска инвестирав и потрошив стотици илјади евра лични средства

April 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Усеини: Во Воска инвестирав и потрошив стотици илјади евра лични средства

Само еден ден по официјалното соопштение за повлекувањето на Воска Спорт од Првата македонска фудбалска лига, сопственикот на клубот, Нефи Усеини, јавно им се обрати на јавноста и на навивачите, објаснувајќи ги причините за оваа тешка одлука, пренесе „Гол.мк“. Усеини нагласи дека од самото основање на Воска Спорт идејата му била да се изгради клуб што ќе обединува и достојно ќе ги претставува и државата, и градот, и албанската заедница, не само тука, туку и подалеку. „Инвестирaв и потрошив стотици илјади евра од сопствениот џеб, без никаква помош од институции или други лица. Ова го направив со срце, со љубов и со цврста верба дека создадовме проект со кој ќе се гордеат сите Албанци. Доказите зборуваат сами за себе. За кратко време стигнавме до Првата лига“, порача првиот човек на клубот. Според важечките пропозиции, охридскиот клуб сега се преселува во најниската категорија на натпреварување, а сите преостанати мечеви од оваа сезона ќе бидат регистрирани со службен резултат 3-0 за противничките екипи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.