Роналдо не застанува: Сруши уште еден рекорд на ЕП

June 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо не застанува: Сруши уште еден рекорд на ЕП

Со вчерашната победа над Турција, Португалија го потврди местото во осминафиналето на Европското првенство, а Кристијано Роналдо забележа асистенција кога го проигра Бруно Фернандез па така сруши уште еден рекорд. Со направената асистенција тој стана највозрасен асистент на Европските првенства. Исто така, Тој е играч кој најмногу пати настапил на Европските првенства (вкупно шест), најмногу настапи на овие првенства (27), најмногу победи (18), најмногу голови (14) и најмногу асистенции (7).  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.