Нов гол на Илија Несторовски, осми сезонава (ВИДЕО)

April 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов гол на Илија Несторовски, осми сезонава (ВИДЕО)

Илија Несторовски уште еднаш докажа дека и на 35 години има префинето чувство за гол. Во ремито меѓу Славен Белупо и Истра (1-1) во Хрватската прва лига (ХНЛ), Прилепчанецот стрелаше за својот тим во 28. минута, носејќи израмнување кое остана актуелно до крајот на мечот. Искусниот напаѓач маестрално ја прими топката и со прецизен удар го матира противничкиот голман. Ова беше осми погодок за Несторовски оваа сезона, при што седум постигна во првенството, а еден во натпревар од Купот на Хрватска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.