Перез господски ќе го испрати Анчелоти од клубот

April 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Перез господски ќе го испрати Анчелоти од клубот

Реал Мадрид донесе одлука да му го исплати преостанатиот дел од договорот на Карло Анчелоти, иако е извесно дека Италијанецот ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, пренесе денеска „Релево“. И покрај шпекулациите кои се засилија по болниот пораз од Барселона во финалето на Купот на Шпанија, Анчелоти сè уште ја предводи екипата, но неговата иднина станува сè понеизвесна. Шпанскиот гигант планира да му понуди почесна улога на поранешниот стратег, а тоа е доживотна амбасадорска функција, веднаш штом тој ќе стави крај на својата тренерска кариера. Анчелоти, кој освои бројни трофеи во својот мандат, се најде под притисок поради недоволна конзистентност во резултатите и ограничената шанса за младите таленти како Ендрик, Арда Ѓулер и Брахим Дијаз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.