Постигнат договор: Анчелоти ќе биде селектор на Бразил!

April 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Постигнат договор: Анчелоти ќе биде селектор на Бразил!

Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти, кој во кариерата предводеше тимови како Парма, Јувентус, Милан, ПСЖ, Баерн Минхен, Наполи, Евертон, Челси и Реал Мадрид, на крајот на сезоната ќе се раздели со шпанскиот гигант. Новинарот Фабрицио Романо објави дека Анчелоти и Бразил постигнале вербален договор за негово поставување за нов селектор на репрезентацијата на „кариоките“. Италијанецот веќе долго време беше поврзуван со кормилото на бразилската репрезентација, а договорот ќе стапи на сила од јуни, спротивно на претходните шпекулации дека тоа ќе се случи по Светското клупско првенство. Поради недоволно добрите резултати со Реал Мадрид оваа сезона, Анчелоти ќе ја напушти клупата на клубот.

🚨 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆: Carlo Ancelotti and Brazil have now a verbal 𝐚𝐠𝐫𝐞𝐞𝐦𝐞𝐧𝐭 in principle to become the new head coach of the... Posted by Fabrizio Romano on Monday, April 28, 2025

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.