April 29, 2025 | | Свет
Во соблекувалната на Реал Мадрид владела голема тензија по поразот од Барселона, пренесува шпанскиот медиум „Дон Балон“. Клучниот момент што го одлучи натпреварот се случи по ризичното паралелно додавање на Лука Модриќ, кое стрелецот на победничкиот гол Кунде лесно го пресече и успеа да погоди. Хрватот беше видно разочаран, но уште побурна реакција имаше Антонио Ридигер, кој фрли кеса со мраз кон главниот судија Рикардо де Бургос и само благодарение на соиграчите не дојде до физичка пресметка. Конфликтот меѓу Ридигер и Модриќ се префрли и зад затворени врати. Наводно, искусниот плејмејкер бурно му замерил на Германецот, велејќи дека со вакво однесување „го посрамотил дресот на Реал“ каде дошло до физички конфликт меѓу двете ѕвезди. Според извори блиски до тимот, Модриќ му порачал дека кралскиот клуб не се однесува така, дури ни кога чувствува неправда на теренот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |