April 29, 2025 | | Свет
Антонио Ридигер ќе паузира подолго време откако медицинскиот тим на Реал Мадрид официјално потврди дека германскиот дефанзивец бил подложен на хируршка интервенција за да се санира повредата на менискусот во левото колено. Операцијата, која ја изведе докторот Мануел Лејес под надзор на клубските лекари, поминала успешно, но „кралевите“ не објавија прецизен временски рок за негово враќање. Шпанските медиуми, сепак, проценуваат дека Ридигер ќе биде надвор од терените шест до осум недели, што значи дека Карло Анчелоти ќе мора да ги заврши сезонските предизвици без еден од клучните фудбалери во последната линија. Според очекувањата, тој нема да биде дел од последните пет дуели во Ла Лига, а речиси сигурно ќе ги пропушти и настапите на Реал Мадрид на Светското клупско првенство, кое се игра од 18 до 27 јуни. Како дополнителен удар, покрај сериозната повреда, Ридигер се најде и под лупа на јавноста поради инцидентот во завршницата на финалето со Барселона, каде што неговото однесување привлече бројни критики.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |