Флик „убива“ со поглед: Им се налути Гави и Јамал зошто доцнеа на тренинг (ВИДЕО)

April 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик „убива“ со поглед: Им се налути Гави и Јамал зошто доцнеа на тренинг (ВИДЕО)

Во таборот на Барселона повторно се почувствува германската дисциплина на Ханси Флик, откако шефот на стручниот штаб жестоко реагираше поради доцнењето на шестмина фудбалери на утринскиот тренинг. Гави, Ламин Јамал, Ансу Фати, Фермин Лопез, Ињиго Мартинез и Роналд Араухо се појавиле со задоцнување на последната сесија пред клучниот меч против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите. Флик од првиот ден постави јасни правила во соблекувалната и не прави компромиси, особено кога станува збор за точноста. Германскиот стратег го внесе својот препознатлив ред и строгост, а ова не е првпат да се слушне дека секунда назад значи „предоцна“ за него. „Не бев дел од тимот кога беа воведени правилата, но веднаш ми беше јасно дека морам да внимавам. Ако тренингот е закажан за 11:00, дури и да дојдеш три секунди подоцна, си задоцнил“, откри младинецот Пау Виктор уште пред неколку месеци, потврдувајќи го ставот на Флик за безкомпромисна точност. Инцидентот пред важниот натпревар ја загреа атмосферата во тимот, а останува да се види дали и какви последици ќе има за задоцнетите играчи. Она што е јасно е дека кај Ханси Флик нема место за опуштање.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.