Еден битен играч за Инзаги отпадна за дуелот со Барса, друг се врати

April 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Еден битен играч за Инзаги отпадна за дуелот со Барса, друг се врати

Интер ќе биде сериозно ослабен за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Имено, Бенџамин Павар ќе го пропушти мечот на „Камп Ноу“ поради повреда на левиот скочен зглоб. Францускиот бек настрада во дербито против Рома, кога по еден дуел незгодно го изврте зглобот и по краток обид да продолжи, беше принуден да го напушти теренот. Медиумите „Скај Италија“ и „Газета дело Спорт“ пренесуваат дека дефанзивецот нема да патува со екипата за Шпанија, што е сериозен удар за Инзаги во пресрет на тешкото гостување. Потенцијално олеснување за „нераѕурите“ може да биде враќањето на Маркус Турам, кој поради повреда на бутниот мускул ги прескокна последните три средби. Формата на Интер пред полуфиналето е далеку од идеална. Миланскиот клуб е во мини-криза со три последователни порази: од Болоња и Рома во Серија А и од Милан во реваншот од Купот на Италија. Со елиминацијата од Купот, соништата за тројна круна се распрснаа, а сега останува трката во ЛШ и домашното првенство. Во Серија А, Интер моментално се наоѓа на второто место со 71 бод, три зад лидерот Наполи. Натпреварот против Барселона се игра во среда од 21:00 часот, а во истиот термин, на „Емирати“ денес, Арсенал ќе го пречека ПСЖ во другото полуфинале.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.