April 30, 2025 | | Свет
По минималниот пораз од Пари Сен Жермен на домашен терен, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, лидерите на Арсенал Вилијам Салиба и Мартин Одегард се полни со оптимизам пред реваншот што следува на 7 мај во Париз. Иако „топчиите“ беа совладани со 0:1 на „Емирати“, и тоа по погодокот на Осман Дембеле во четвртата минута, статистиката на натпреварот покажуваше рамноправна борба, со пет удари кон голот од двете страни. Францускиот дефанзивец Салиба беше искрен по мечот, признавајќи дека неговата екипа била надвор од ритам во воведните минути. „Во првите 20 минути не изедоа живи. Но, потоа ја стабилизиравме играта и бевме многу подобри. Имавме шанси да изедначиме уште до полувремето. Сепак, ништо не е решено. Ќе дадеме сè од себе во Париз, веруваме дека можеме да победиме таму.“ Слична порака испрати и капитенот Мартин Одегард, кој не го криеше разочарувањето, но остана фокусиран на предизвикот што следува. „Сакавме да стартуваме подобро и да извлечеме позитивен резултат, но раниот гол многу нè погоди. Во последната третина ни недостасуваше таа завршна пас-игра за да бидеме поефикасни. Ќе ја анализираме оваа средба и ќе се обидеме да се вратиме посилни. Убеден сум дека можеме да направиме пресврт во реваншот.“ Пари Сен Жермен во меѓувреме ќе гостува кај Стразбур во домашното првенство, додека Арсенал на „Емирати“ ќе се соочи со Борнмут, две генерални проби пред големото европско соочување во срцето на Париз.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |