Сагата продолжува: Бразил и Анчелоти повторно ги активирале преговорите?

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сагата продолжува: Бразил и Анчелоти повторно ги активирале преговорите?

Ситуацијата околу Карло Анчелоти и неговата потенцијална улога како селектор на Бразил повторно е актуелна, откако преговорите кои претходно изгледаа пропаднати, сега се повторно отворени. Според шпанските медиуми, двете страни се вратиле на маса за разговори и активно бараат начин да постигнат договор. Клучна пречка останува Реал Мадрид кој не е подготвен да го раскине договорот на Анчелоти без финансиска компензација, додека самиот стратег смета дека заслужува обештетување доколку се прекине соработката пред истекот на договорот. Од страна на Бразилската федерација, пак, постои силна желба Анчелоти да ја преземе селекцијата уште во јуни, но тој бил дециден дека може да се ослободи дури по завршувањето на Светското клупско првенство. Тоа остава многу отворени прашања и простор за потенцијален компромис во наредните недели.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.