Михтарјан беше милиметри во офсајд: Ќе го мислам ова додека сум жив! (ВИДЕО)

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Михтарјан беше милиметри во офсајд: Ќе го мислам ова додека сум жив! (ВИДЕО)

Хенрик Мхитарјан ќе го памети дуелот со Барселона не само по спектаклот, туку и по контроверзниот момент што можеше да му донесе херојски статус. Неговиот поништен погодок за 4-3 во финишот на натпреварот, поради милиметарски офсајд, стана централна тема на мечот. Технологијата за полуавтоматски офсајд покажа дека ерменскиот репрезентативец бил недозволено позициониран само со врвот на копачката, доволно за ВАР да го избрише моментот кој можеше да биде решавачки. „Офсајд од два или три сантиметри, поништен гол со кој ќе поведевме во клучниот момент… тоа е нешто за што ќе размислувам додека сум жив. Сепак, мораме да останеме со кренати глави, да размислуваме за реваншот и да се надеваме дека ќе играме добро како и на овој прв натпревар. Изморени сме, патиме што не победивме, но веруваме дека на реваншот можеме да бидеме упште подобри. Барселона е многу силна екипа, но истото може да се каже и за Интер“, изјави Михтарјан. Мечот заврши 3-3 и сè останува отворено пред реваншот во Милано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.