May 1, 2025 | | Свет
Повредата на Жил Кунде претставува голем удар за Барселона во клучниот дел од сезоната. Францускиот дефанзивец, кој се етаблираше како еден од најстандардните и најсигурни фудбалери на тимот, ќе го пропушти реваншот против Интер во Лигата на шампионите, како и долгоочекуваниот „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 11 мај. Според првите проценки, станува збор за сериозна повреда на тетивата, што може да го држи надвор од терените и подолго од очекуваното. Барселона не само што губи клучен дефанзивец, туку и играч кој во финалето на Кралскиот куп ја донесе победата со решавачки погодок. Неговото отсуство ќе го зголеми товарот врз одбраната на Барселона, особено во пресрет на реваншот со Интер, каде секој детаљ може да биде пресуден за пласман во финалето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |