May 1, 2025 | | Свет
Иако сезонава се соочуваат со големи предизвици во Премиер лигата, Тотенхем и Манчестер Јунајтед покажаа дека европските натпреварувања им лежат повеќе. Со сигурни победи во првите полуфинални дуели од Лигата на Европа, двата англиски тима се на чекор до финалето. Во Лондон, Тотенхем демонстрираше класа против норвешкиот дебитант Бодо/Глимт. Веќе во првата минута Бренан Џонсон го отвори резултатот, поставувајќи нов рекорд за најбрз гол на клубот во европските натпреварувања. До полувремето водството беше удвоено преку Медисон, а во вториот дел Соланке од белата точка ги постави конечните 3-1. Почесниот гол за гостите го постигна Салтнес, а загриженост предизвика повредата на Медисон. Добра вест за навивачите е што Кулушевски се врати на теренот. Манчестер Јунајтед одигра зрел и доминантен натпревар на тешкото гостување кај Атлетик Билбао. „Црвените ѓаволи“ славеа со 0-3 и направија огромен чекор кон финалето. Касемиро го отвори резултатот, а ситуацијата за домаќините се влоши кога Вивиан доби црвен картон по направен пенал. Бруно Фернандеш двапати стрелаше и ја заокружи убедливата победа уште до полувремето. Со ова темпо, двата англиски гиганти гледаат кон финале кое би можело да им го отвори патот назад во Лигата на шампионите, можност која не е достижна преку домашното првенство.
— knickstopmagic (@knickstopmagic) May 1, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |