Челси скоро па сигурно е веќе во финале, Бетис ќе има минимална предност во Фиренца (ВИДЕО)

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси скоро па сигурно е веќе во финале, Бетис ќе има минимална предност во Фиренца (ВИДЕО)

Англискиот претставник Челsи направи сериозен исчекор кон финалето на Конференциската лига на УЕФА, откако на гостински терен во Шведска го совлада Ѓургарден со 1-4. Тимот на Енцо Мареска не остави простор за изненадување каде доминираше од првата до последната минута и веќе по првиот меч има комотна предност. Џејдон Санчо и Нони Мадуеке ја отворија серијата погодоци уште во првото полувреме, а Николас Џексон со два гола во вториот дел ја заокружи најдобрата европска партија на „сините“ сезонава. Почесниот погодок за Ѓургарден го постигна Мулугета, но резултатот остава многу малку неизвесност пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“ на 8 мај. Во другото полуфинале, Бетис го совлада Фиорентина со 2-1 и ќе патува во Италија со минимална, но значајна предност. Погодоците на Абде и Антони му донесоа предност на тимот од Севилја, но голот на Раниери за гостите ја одржа драмата жива за реваншот во Фиренца. Сезоната во Конференциската лига полека влегува во завршна фаза, а финалниот меч ветува да донесе возбудувања, без разлика кои два тима ќе изборат пласман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.