May 2, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед го изненади фудбалскиот свет со убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Атлетик Билбао во полуфиналето од Лигата на Европа. Касемиро и двапати Бруно Фернандеш беа стрелците, но името што вечерта го обележа натпреварот не беше запишано на листата на голови. Тоа беше Хари Мегваер. Играчот кој со години беше симбол на критики и потсмев, конечно доби вечер која ја претвори во своја лична ренесанса. Најпрво со спектакуларна акција што доведе до првиот гол, дриблинг, продор, центаршут. Не вообичаено за стопер, уште помалку за некој кому му се насмеваа. Но, Мегваер не се сруши под товарот на минатото. По години исполнети со притисоци, ја презеде сцената кога беше најпотребно. И наместо да одговори со зборови, одговори со фудбал. Публиката аплаудираше, интернетот му даде нов прекар, но тој остана приземен: „Најважно е што победивме.“
Harry Maguire, I am stood up applauding. pic.twitter.com/W18RSJRwuN
— han (@unitedhan) May 1, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |