Скоро па сигурно Англија ќе има шест клубови во Лигата на шампиони

May 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Скоро па сигурно Англија ќе има шест клубови во Лигата на шампиони

По убедливите победи на Тотенхем и Манчестер Јунајтед во полуфиналните натпревари од Лига Европа, Англија се наоѓа пред историски подвиг, а тоа е да стане првата земја што ќе испрати шест клуба во следната сезона од Лигата на шампиони. Со триумфите против Бодо/Глимт и Атлетик Билбао, двата премиерлигаши се на добар пат да се пласираат во финалето, а со тоа и да обезбедат директно учество во елитното европско натпреварување, и покрај слабите позиции во Премиер лигата. Новите правила на УЕФА, кои стапуваат на сила од наредната сезона, овозможуваат квалификација преку три канали: националниот пласман, УЕФА коефициент и освојување на Лига Европа. Оваа сезона, Англија веќе доби дополнително место преку коефициентот, што значи најмалку пет учесници од Премиер лигата. Доколку Лига Европа ја освои тим кој не завршил меѓу првите пет во Премиер лигата, сценарио што е сѐ пореално, Англија ќе добие и шесто место во Лигата на шампиони. Ливерпул и Арсенал се сигурни патници, а останатите позиции ќе се одлучуваат во последните четири кола, каде конкуренцијата е жестока: Манчестер Сити, Челси, Њукасл, Астон Вила и Нотингем Форест се во трка за местата што носат елитен фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.