May 2, 2025 | | Свет
,,Енфилд’’ буквално се затресе од радост откако Ливерпул ја обезбеди својата 20-та шампионска титула во Премиер лигата. Страственото славење на повеќе од 60.000 навивачи на историскиот стадион предизвикало микро-земјотрес, што беше регистриран од страна на научници од Универзитетот во Ливерпул. Во неделното дерби, Ливерпул го декласира Тотенхем со 5-1, а славјето достигна врв кога Алексис Мак Алистер постигна гол во 24. минута. Според тимот предводен од д-р Фарназ Камранзад, токму во тој момент бил измерен потрес од 1,75 степени според Рихтер. Сеизмолошка опрема била поставена на самиот стадион, со цел да се анализира влијанието на навивачките реакции врз тлото. Иако потресите биле премногу слаби за луѓето да ги почувствуваат, инструментите недвосмислено ги забележале. „Ова се микро-земјотреси, безопасни, но јасен показател за енергетската експлозија што произлегува од масовната еуфорија“, објаснува д-р Камранзад. Со оваа титула, Ливерпул не само што испиша историја на фудбалскиот терен, туку и буквално ја втисна во земјата, оставајќи отпечаток и под површината.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |