ФФМ строг спрема Гостивар: Девет бода минус, парични казни и суспензии!

May 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ строг спрема Гостивар: Девет бода минус, парични казни и суспензии!

Фудбалската федерација на Македонија донесе сериозни дисциплински мерки против неколку клубови од елитните натпреварувања, а најтешката казна ја доби ФК Гостивар. Клубот остана без девет бодови, доби вкупна парична казна од 7.500 евра, забрана за играње на домашен терен во наредните 10 натпревари (минимум 100 км оддалеченост), а водството на тимот доби двегодишна суспензија. Причината е напуштање на теренот во текот на натпреварот со Работнички во 29. коло. Претседателот Енес Уста и тренерот Блажо Панов се казнети со двегодишна забрана за делување во фудбалот, а фудбалерот Алпер Потук со двегодишна суспензија. Сите играчи заведени во записникот добија индивидуални парични казни од по 500 евра. Парични казни добија и други клубови: – Струга: 5.000 евра поради организациски пропусти против Гостивар – Башкими: 3.500 евра и двомесечна суспензија за претседателот Бурак Хида – Воска: поведена постапка поради непојавување на натпревар со Брера ФФМ јасно стави до знаење дека нема толеранција за недисциплина, инциденти и кршење на регулативите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.