May 2, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ќе има шанса да се бори за највредниот азиски клупски трофеј во финалето на Лигата на шампиони на АФЦ. Неговиот тим Ал-Ахли Џеда ќе се соочи со јапонскиот Кавасаки Фронтале во сабота попладне. Алиоски, кој оваа сезона настапува само во азиската ЛШ поради ограничувањето за странски фудбалери во саудискиот шампионат, истакнува дека се чувствува одлично и подготвено, како да има 25 години. „Имаме одличен тим, врвни тренинзи и поддршка од стручњаци на највисоко ниво. Се чувствувам фантастично на теренот. Финалето го посакував против Кристијано Роналдо, но и вака ќе биде посебно. Ако стигнеме до трофејот, тоа ќе биде неверојатен успех“, изјави Алиоски за швајцарскиот портал bluewin.ch. Македонскиот ас е на чекор до еден од најголемите успеси во својата интернационална кариера. Цела Македонија е со тебе, Езџан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |