May 3, 2025 | | Македонија
Беласица претрпе пораз од 1-2 на домашен терен од екипата на Детонит Плачковица во натпревар од 27. коло од Втората македонска фудбалска лига, но во фокусот по средбата беше судењето. Струмичани не беа задоволни од арбитражата и преку официјално соопштение ја посочија судиската тројка како главен виновник за поразот. Според нив, победничкиот гол на Детонит бил постигнат од офсајд позиција, што според клубот сериозно влијаело врз крајниот резултат. „Ќе оставиме оние што се задолжени и компетентни да ја проценат исправноста на одлуката, но потребно е сите заедно, а најмногу тие што носат одлуки да се ангажираме за трудот на играчите и тренерите да не биде фрлен во вода. Да го сфатиме ова како: ‘Тие што работат и грешат’, но да не дозволиме грешките да станат секојдневие“, стои во реакцијата на Беласица. По овој пораз, струмичани се оддалечија од борбата за врвот, додека Детонит со победата останува во трка за подобар пласман на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |