Ливерпул се сопна на „Стемфорд Бриџ“: Челси до крај ќе се бори за ЛШ (ВИДЕО)

May 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул се сопна на „Стемфорд Бриџ“: Челси до крај ќе се бори за ЛШ (ВИДЕО)

Челси продолжува со импресивната форма во завршницата од Премиер лигата, откако на „Стемфорд Бриџ“ славеше против Ливерпул со 3-1 во дербито на денот. „Сините“ дојдоа до трет триумф по ред, со што сериозно се вклучија во битката за пласман меѓу најдобрите пет екипи и обезбедување место во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Домашниот тим до предност дојде преку Енцо Фернандез, а автоголот на Кванса дополнително ги олесни работите. Коул Палмер ја потврди победата со третиот погодок, додека капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, со удар со глава во 85. минута само го ублажи поразот. Со оваа победа, избраниците на Енцо Мареска имаат 63 бодови, исто колку и Њукасл, нивниот директен ривал за топ 5, кој ќе им биде следен противник. Натпреварот во наредното коло може да биде пресуден за европските амбиции на двата тима. ТУКА погледнете ги головите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.