УЕФА го казни Реал Мадрид поради расистички пораки

May 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА го казни Реал Мадрид поради расистички пораки

УЕФА му изрече казна од 15.000 евра на Реал Мадрид поради расистички пораки од страна на дел од неговите навивачи на натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, дополнително предупредувајќи го клубот дека следен ваков инцидент ќе резултира со забрана за гостински навивачи на еден европски натпревар. Според соопштението на УЕФА, санкцијата е дел од јасната и цврста политика за нулта толеранција кон расизмот и другите форми на дискриминација. Доколку инциденти со ваква природа се повторат во рок од една година, Реал ќе мора да одигра натпревар во Европа без поддршка од своите навивачи на гостински терен. УЕФА истакна дека фудбалските арени мора да бидат место на еднаквост, толеранција и почит, без простор за омраза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.