Срамен потег на Кожуф: Дефанзивците стоеја, гостите лесно дадоа гол (ВИДЕО)

May 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Срамен потег на Кожуф: Дефанзивците стоеја, гостите лесно дадоа гол (ВИДЕО)

На теренот во Гевгелија се одигра сцена што повеќе наликуваше на лоша имитација на фудбал отколку на натпревар од Втората македонска лига. Башкими победи со 2-1 против Кожуф со гол во 94. минута, но она што претходеше на тој погодок ги шокираше љубителите на спортот. Целата одбрана на домаќинот како да го изгуби интересот за играта, сите стоеја непоместени пред својот шеснаесетник, голманот не мрдна со прст, а гостите буквално се прошетаа до мрежата и ја сместија топката како на тренинг. Овој момент предизвика лавина реакции. Вакви сцени не само што го газат спортскиот фер-плеј, туку отвораат сериозни сомнежи за наместен резултат. И доколку се докаже намера зад оваа пасивност, одговорните мора да се соочат со најстроги санкции, вклучително и кривична одговорност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.