Лаутаро чудесно се опорави и ќе стартува против Барселона!

May 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лаутаро чудесно се опорави и ќе стартува против Барселона!

По Ханси Флик, и Симеоне Инзаги го откри почетниот состав за реваншот против Барселона. На голот е сигурниот Јан Зомер. Во одбраната се наоѓаат Дензел Дамфрис и Федерико Димарко на бековските позиции, со Бенжамин Бисек, Франческо Ачерби и Алесандро Бастони во срцето на дефанзивната линија. Средниот ред го предводи организаторот на играта Хакан Чалханоглу, заедно со ветеранот Хенрик Михтарјан и борбениот Николо Барела. Во нападот, главната закана се Лаутаро Мартинез и Маркус Турам.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.