ФК Кожуф: Ги отфрламе сите обвинувања кон клубот и кон нашите играчи

May 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФК Кожуф: Ги отфрламе сите обвинувања кон клубот и кон нашите играчи

Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија се огласи по контроверзниот натпревар од 28. коло на Втората македонска лига, во кој на домашен терен беше поразен од Башкими со 1:2. Мечот предизвика бурни реакции во јавноста поради спорниот втор гол на гостинската екипа, при што дел од навивачите и аналитичарите го доведоа во прашање залагањето на домашните фудбалери во таа ситуација. Клубот од Гевгелија, слично како и противничкиот Башкими, ги отфрли сите обвинувања поврзани со евентуална нерегуларност. Во своето официјално соопштение, Кожуф истакна: „Во рамките на 28-коло од ВМФЛ НА градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети!“ Останува да се види дали ќе биде отворена официјална истрага и какви ќе бидат нејзините наоди во врска со спорниот момент од натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.