Артета: Дојдовме во Париз за да испишеме историја!

May 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета: Дојдовме во Париз за да испишеме историја!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, со голема доза на самодоверба и мотивација влегува во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кој вечерва се игра на легендарниот „Парк на принцовите“. Арсенал се наоѓа пред историска можност, да избори пласман во големото финале, и покрај поразот од 1:0 на првиот дуел. „Дојдовме овде со јасна цел, да направиме историја. Само еден чекор нè дели од финалето. Се надевам дека наместо со зборови, тоа ќе го кажеме со игра на теренот. Ова е моментот кога треба да бидеме присутни и психолошки и физички. Знаеме што не чека и сме подготвени. На вакви мечеви не ви треба дополнителна мотивација, таа веќе тлее во секој од нас“, порача Артета пред пресметката. Тој покажа и голема почит кон својот колега од ПСЖ, Луис Енрике, кого го опиша како „еден од најдобрите тренери на денешницата“, потенцирајќи дека секој тим под водство на Енрике игра со препознатлива енергија и стил. Артета верува дека Арсенал има доволно квалитет, зрелост и ментална цврстина за да го надмине заостанувањето и да се пласира во финалето. Натпреварот започнува вечерва во 21:00 часот и ветува вистинска фудбалска драма.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.