Челси избори финале и дојде на чекор од историја (ВИДЕО)

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси избори финале и дојде на чекор од историја (ВИДЕО)

Челси успеа да ја потврди својата доминација во полуфиналниот двомеч против шведскиот Ѓургарден и со минимални 1-0 во реваншот на „Стемфорд Бриџ“ го завери пласманот во финалето на Конференциската лига. Со голот на Дјузбери Хол во 38. минута, избраниците на Енцо Мареска без проблем го контролираа темпото на натпреварот, особено со оглед на убедливата предност од 1-4 од првиот дуел во Шведска. Рутинска вечер за „сините“, кои сега се фокусираат на големото финале на 28 мај во Вроцлав, Полска. Челси е на чекор да стане првиот клуб кој освоил трофеи во сите три актуелни европски натпреварувања – Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Тоа би било подвиг што ниту еден европски гигант досега не го постигнал, и уште една страница со златни букви во историјата на клубот од Лондон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.