May 9, 2025 | | Свет
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, отворено призна дека освојувањето на Лигата на Европа е клучен приоритет за клубот поради неуспешната сезона во Премиер лигата. По убедливиот пласман во финалето со вкупни 7-1 против Атлетик Билбао, „црвените ѓаволи“ сега ќе се соочат со Тотенхем на 21 мај во Билбао, меч кој носи многу повеќе од само трофеј. „Чувствувам голем притисок. Ако не победиме, целиот труд паѓа во вода“, изјави Аморим, притоа истакнувајќи дека трофејот е шанса играчите да се оддолжат на навивачите кои беа покрај нив низ сите падови оваа сезона Двете екипи се далеку од местата што водат во Европа преку Премиер лигата, па освојувањето на Лига Европа останува единствената врата до Лигата на шампионите. „Ќе се обидеме да победиме, тоа е најмалку што можеме да направиме за нашите напатени навивачи“, додава тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |