May 9, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија донесе радикални дисциплински мерки против клубовите Воска Спорт и Гостивар, поради неодиграните натпревари од последните две кола во Првата македонска фудбалска лига. Двата клуба добија строги казни: - Парични санкции - Автоматско исфрлање во најнизок ранг на натпреварување - Забрана за учество во која било лига следната сезона (2025/26) Од ФФМ велат дека одлуките се донесени согласно Дисциплинскиот правилник и во интерес на регуларноста на првенството. Случајот предизвика бурни реакции во јавноста и се очекува дополнителна правна разврска, бидејќи клубовите најавија жалби. Во одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ се наведува: Воска Спорт се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во ПМФЛ. За неодигрување на натпреварот од 30. коло, Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра Гостивар се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во ПМФЛ По правосилноста на овие одлуки, екипите на Воска Спорт и Гостивар ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026. Дополнително, Фудбалската федерација на Македонија ќе ги искористи сите можни механизми да ги наплати наменските средства во износ од 150.000 евра, паричен износ кој Воска Спорт ги доби на 10 април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |