Хорор сцена: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот (Видео)

May 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хорор сцена: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот (Видео)

Тренинг-сесија на младинскиот погон на Фиорентина за малку не се претвори во трагедија, откако на теренот удри гром додека се одвиваа подготовки на селекцијата до 18 години. Инцидентот се случил ненадејно, додека младите фудбалери тренирале во близина на местото каде што удри громот. За среќа, во моментот на ударот, ниту еден играч не се наоѓал блиску до точката на ударот, па нема повредени. Снимките од безбедносните камери покажуваат колку среќно заврши ситуацијата која можеше да има далеку потешки последици. Од клубот потврдија дека сите играчи се добро и тренингот веднаш бил прекинат. Овој настан е потсетник за сериозноста на временските услови и потребата од максимална претпазливост при активности на отворено.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.