Светското 2026 ќе биде спектакл, но и скапо задоволство

May 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Светското 2026 ќе биде спектакл, но и скапо задоволство

Мундијалот во 2026 година, кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, уште сега руши рекорди, не само по бројот на екипи (48) и натпревари (104), туку и по цените на билетите. Најскапиот пакет за осум натпревари на стадионот „МетЛајф“ каде ќе се игра и финалето чини дури 73.200 долари! За навивачите кои сакаат да ја следат својата репрезентација, ФИФА нуди „Follow my team“ билети – пример, 4 натпревари на Шпанија ≈ 9.000 долари. Просечна цена за билет во групната фаза: 305 долари. Се очекува уште повисоки цени за нокаут фазата. Спектаклот ќе биде незаборавен, но само за оние кои можат да си го дозволат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.