КАКВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Реал поведе со 0-2, Барселона возврати со четири гола (ВИДЕО)

May 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

КАКВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Реал поведе со 0-2, Барселона возврати со четири гола (ВИДЕО)

Фудбалот го доживеа своето најлуксузно шоу на „Монжуик“, каде што Барселона и Реал Мадрид приредија неверојатно прво полувреме од Ел Класико, исполнето со шест гола, пресврти и емоции што го оставија светот без здив. Реал го започна натпреварот како од соништата. Килијан Мбапе двапати ја затресе мрежата на Барса (5’ и 14’), потврдувајќи зошто важи за еден од најсмртоносните напаѓачи во светот. Но, Барселона не се предаде. Во 32. минута, Ерик Гарсија го намали водството, а само неколку минути подоцна Ламин Јамал израмни со маестрален погодок. Каталонците беа во налет. Рафиња го врати водството за Барса во 34. минута, а на самиот крај на полувремето повторно го матираше Тибо Куртоа за 4-2 и ерупција на трибините. Натпревар што се игра со срце и адреналин, Ел Класико уште еднаш покажа зошто е најголемото дерби во светот!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.