May 12, 2025 | | Свет
Во еден од најголемите фудбалски спектакли во светот, Барселона славеше со 4:3 над Реал Мадрид на стадионот „Монжуик“ и се доближи на чекор до својата 28-ма титула во шпанската Примера. Барселона влезе во мечот како лидер на табелата со четири бода предност, а Реал немаше друг избор освен победа. Иако „Кралскиот клуб“ имаше совршен почеток со предност од 0:2 по само 14 минути, Каталонците одговорија со фантастична игра и четири гола по ред, поставувајќи го резултатот на 4:2 до полувремето. Реал успеа да намали на 4:3, но не и да избегне пораз. Овој резултат не само што ја приближи Барса до титулата, туку и ја продлабочи кризата во Реал. Според шпанските медиуми, претседателот Флорентино Перез е подготвен на радикални промени, а прв на „удар“ е бразилскиот напаѓач Родриго. Родриго – од златно дете до вишок во Мадрид Родриго, кој во 2019 година пристигна од Сантос како голем талент, одигра 30 натпревари во Ла Лига оваа сезона и забележа 6 гола и 6 асистенции. Но, неговите последни настапи се далеку под очекувањата, а недобивањето шанса ниту една минута во „Ел Класико“, и покрај повредата на Винисиус, е јасен сигнал дека не е повеќе дел од плановите на клубот. „Нула минути за Родриго во „Ел Класико““, објави Фабрицио Романо со симболична црно-бела фотографија од напаѓачот. Дополнителна тешкотија за Родриго беше и неговата контроверзна изјава пред дербито, каде што рече дека „нема сила да игра“ што дополнително го разлади односот со соблекувалната и раководството. Манчестер Сити – најсериозен кандидат за потписот Информациите од Мадрид велат дека Перез нема намера да го пушти за помалку од 80 милиони евра, а најсериозен интерес покажал Манчестер Сити, кој веќе еднаш се обиде да го донесе Бразилецот. Реал е подготвен за преговори, но само доколку трансферот донесе сериозна финансиска добивка. До заминувањето, Родриго најверојатно ќе биде изоставен од сите претстојни натпревари, вклучувајќи го и Светското клупско првенство, а медиумите тврдат дека тој веќе започнал да размислува за следната дестинација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |