ФФМ ѝ ја намали казната на Шкендија за свирежите на минутата молк за трагедијата во Кочани

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ ѝ ја намали казната на Шкендија за свирежите на минутата молк за трагедијата во Кочани

Фудбалскиот клуб Шкендија ќе има можност со поддршка од своите навивачи да го одигра последниот натпревар од сезоната и воедно да ја прослави шампионската титула, откако Комисијата за жалби при ФФМ донесе одлука за ублажување на претходната дисциплинска санкција. Наместо изречената казна од пет натпревари без публика, на клубот од Тетово му се намалува суспензијата на четири средби, што значи дека последниот меч против Силекс, закажан за 18 мај на Градскиот стадион во Тетово, ќе се игра пред полни трибини. Казната беше изречена поради инцидентите на мечот со Брера, кога дел од навивачите на Шкендија не ја испочитуваа минутата молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани. Комисијата за жалби сепак одлучи да ги уважи аргументите поднесени со жалбата и да ја ревидира одлуката. Ова значи дека Шкендија ќе може да го круниса историскиот успех со своите навивачи и да ја затвори сезоната со славеничка атмосфера во Тетово.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.