Заврши расфрлањето со пари: Ако Јунајтед ја освои ЛЕ, ќе се слави со скара и пикник!

May 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Заврши расфрлањето со пари: Ако Јунајтед ја освои ЛЕ, ќе се слави со скара и пикник!

Англиската гордост се подготвува за европска завршница, но во две сосема различни атмосфери – Тотнем и Манчестер Јунајтед веќе кројат сценарија за прослава, доколку го освојат трофејот во финалето на Лига Европа, закажано на 21 мај на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао. За Тотнем, ова би можел да биде прв голем трофеј по цели 17 години, и клубот подготвува грандиозна парада низ улиците на северен Лондон. Според британските медиуми, се размислува за отворен автобус, масовна прослава со навивачите и специјални активности во клубската продавница и стадионот. За фановите гладни за трофеи, ова би било повеќе од фудбалски успех и враќање на вербата. Од друга страна, Манчестер Јунајтед избира значително поскромен пристап. Ако „ѓаволите“ триумфираат во Билбао, нивната прослава ќе биде далеку од гламурозен настан. Клубот, според медиумите, планира домашна забава во тренинг-центарот „Керингтон“, со скара, пикник и интерна атмосфера. Без паради, без луксуз, само скромна прослава со луѓето кои се секојдневно дел од тимот. Овој контраст во пристапот ја рефлектира моменталната менталност на двата клуба: Тотнем во потрага по идентиет и славје, Јунајтед со фокус на враќање на стабилноста и тимската сплотеност. Како и да заврши финалето, 21 мај ветува да биде вечер што ќе ја паметат илјадници навивачи, но и вечер што секој клуб ќе ја обои во своја боја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.