Четири клуба се во игра за откритието на сезоната во Премиер лигата, еден е во предност

May 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Четири клуба се во игра за откритието на сезоната во Премиер лигата, еден е во предност

Со само 20 години Дин Хујсен веќе е голема тема на трансфер пазарот. Младиот шпански репрезентативец и стопер на Борнмут стана еден од најбараните дефанзивци во Европа, откако неколку гиганти, Реал Мадрид, Челси, Ливерпул и Арсенал влегоа во отворена трка за неговиот потпис. Иако има голем интерес од трите премиерлигашки екипи, сепак Шпанецот како прва опција го преферира Реал Мадрид како негова следна дестинација. Шпанскиот гигант ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра, што би го направило трансферот неизбежен доколку играчот прифати. Ливерпул, од своја страна, веќе доставил официјална понуда, а Арсенал останува „тивок ловец“, внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да влезе во акција кога ќе почувствува вистинскиот момент. Челси пак, наводно веќе му понудил договор на седум години. Со клаузула која овозможува заминување без согласност на клубот, Борнмут ќе има малку маневарски простор ако некој од европските гиганти реши да оди до крај. Очекувањата се дека трансфер-сага за Дин Хујсен ќе добие своја разрешница најдоцна до крајот на мај, бидејќи ниту фудбалерот, ниту заинтересираните клубови сакаат неизвесност во пресрет на летните подготовки. Сè повеќе изгледа дека прашањето не е дали Хујсен ќе направи голем чекор во кариерата, туку каде ќе го направи тоа. Најсериозно сценарио води кон Сантијаго Бернабеу. Информациите од Шпанија откриваат дека новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, веќе лично побарал ангажман на Хујсен, ставајќи го младиот стопер високо на листата на приоритети за летниот преоден рок. Дополнителен мотив за „кралевите“ да ја засилат одбраната е болниот биланс против Барселона оваа сезона – дури четири порази и 16 примени голови, што јасно укажува на потребата од стабилизација во дефанзивната линија. Со речиси договорениот ангажман на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, Реал веќе почна со реконструкција на задната линија, а Хујсен се наметнува како идеален кандидат за „срцето“ на одбраната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.