Дури сега Перез ќе збесне: Вини го уценува Реал, сака поголема плата од Мбапе!

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дури сега Перез ќе збесне: Вини го уценува Реал, сака поголема плата од Мбапе!

Бразилскиот ас Винисиус Жуниор сè уште нема постигнато конечен договор со Реал Мадрид за продолжување на соработката, иако првичните разговори започнаа во позитивен дух. Главната пречка е барањето на Винисиус за значително зголемување на платата – дури 30 милиони евра нето годишно. Тоа е речиси двојно повеќе од неговата актуелна плата од 17 милиони евра, која ја договори при последното обновување во 2022 година. Раководството на „кралевите“ засега е резервирано околу исполнување на оваа финансиска желба. Според „Марка“, тие се загрижени дека таквиот договор би можел да предизвика нарушување на рамнотежата во тимот, особено ако се земе предвид дека Винисиус сака да ја надмине платата на Килијан Мбапе, кој неодамна се приклучи на тимот со слични финансиски услови. Агентите на бразилскиот напаѓач веќе ја тестираат меѓународната сцена, па така стапиле во контакт со неколку клубови од Саудиска Арабија. Сепак, засега нема официјална понуда, иако се шпекулираше за потенцијален договор вреден 200 милиони евра. Засега преговорите се во ќор-сокак, а иднината на Винисиус на „Сантијаго Бернабеу“ е неизвесна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.