May 14, 2025 | | Свет
Реал Мадрид се соочува со шокантен расплет на сезоната која ветуваше многу, но може да заврши без ниту еден трофеј. По елиминациите од Купот и Суперкупот на Шпанија, како и од Лигата на шампионите, единствената надеж беше титулата во Ла Лига. Сепак, три кола пред крајот, Реал заостанува седум бода зад Барселона, па шансите за трофеј се сведени на чиста математика. Но, ситуацијата станува уште посериозна пред вечерашниот меч против Мајорка, кој би можел да биде загубен и без борба. Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека поради бројните повреди и отсуства, Карло Анчелоти на располагање има само деветмина фудбалери од првиот тим и еден голман. Според правилата во Ла Лига, на теренот мора да има најмалку седум фудбалери од пријавениот прв состав (носители на дресови со броеви од 1 до 25). Моменталниот список на достапни играчи е: Куртоа, Валверде, Фран Гарсија, Валјехо, Модриќ, Себалјос, Ѓулер, Белингам, Мбапе и Ендрик. Тоа значи дека ако Реал, поради повреда или црвен картон, остане со шестмина од првиот состав на теренот, дуелот против Мајорка ќе биде автоматски загубен службено.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |