Феран Торес итно опериран, за него сезоната е завршена (ВИДЕО)

May 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Феран Торес итно опериран, за него сезоната е завршена (ВИДЕО)

Барселона е на чекор до нова шампионска титула, но во градското дерби против Еспањол ќе настапи без еден од клучните играчи од финишот на сезоната – Феран Торес. Напаѓачот кој солидно ја пополни празнината оставена од Левандовски, беше итно хоспитализиран поради силни болки во стомакот и подложен на операција. Лекарите веднаш утврдиле дека станува збор за воспаление на слепото црево (апендицитис), па Торес бил опериран без одлагање. Благодарение на брзата интервенција, избегнати се посериозни компликации, а шпанскиот репрезентативец веќе е стабилен и се опоравува. „Апендицитисот е победен!!! Ќе го поддржувам тимот од тука – вечерва можеме да станеме шампиони“, напиша Феран на социјалните мрежи, испраќајќи поддршка до соиграчите кои вечерва може да ја осигураат титулата во Ла Лига.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ferran Torres (@ferrantorres)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.