May 16, 2025 | | Свет
Барселона ја потврди својата 28-ма титула во Ла Лига синоќа, триумфирајќи на „жешко“ гостување кај градскиот ривал Еспањол со 2-0. Но, наместо вообичаена еуфорија и славје на теренот, сцената доби сосема поинаков облик полн со тензии и тактичко повлекување. Градскиот ривалитет помеѓу двата тима беше толку интензивен што веднаш по последниот свиреж, домашните фудбалери јасно им ставија до знаење на каталонците дека славење на нивен терен нема да се толерира. Вклучени беа и прскалки на тревникот, потег што го симболизираше крајот на секоја можна прослава. Тренерот Ханси Флик, свесен за потенцијалната искра на конфликт, лично втрча на теренот и ги повлече играчите во соблекувалната пред да се случи нешто поголемо. Во целата таа наелектризирана атмосфера, еден млад играч постапи со исклучителна зрелост. Ламин Јамал, 17-годишното чудо на Барселона, веднаш по завршувањето на натпреварот ја напушти тревата и се упати директно во соблекувалната решен да не влегува во потенцијални недоразбирања со домаќините. Но, неговата зрелост не застана тука. По мечот, стоејќи пред камерите, тој покажа и благодарност што ретко се слуша од млад играч. „Сите сме многу благодарни на Чави. Без него, ова немаше да биде можно. Ни даде шанса кога најмногу ни требаше. Мора да му се заблагодариме“, рече Јамал, потсетувајќи ги сите дека токму Чави Ернандез е човекот кој го обликува овој нов тим на Барса.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |