May 16, 2025 | | Свет
Џенаро Гатузо, страсниот италијански стратег, наскоро ќе ја напушти клупата на Хајдук Сплит и тоа по само една сезона, иако имаше договор на две години. Тој потврди дека натпреварот против Ријека на „Пољуд“ ќе биде негов последен како тренер на „белите“. „Заедно со мојот адвокат работам на тоа ова да биде мојот последен домашен натпревар“, изјави поранешниот тренер на Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј, потенцирајќи дека нема намера да побара обештетување за преостанатиот дел од договорот. „Не заслужувам нешто што не сум го одработил“, додаде тој со препознатливата искреност. Но, заминувањето не е само прашање на резултати. Гатузо отворено проговори за бројните проблеми со кои се соочил во Сплит и не штедеше критики кон управата на клубот. „Со месеци не сум ги видел луѓето што го водат овој клуб. Никаде во Европа не сум видел голем клуб да се управува на ваков начин“, порача тој. Несекојдневни сцени ги следеа и последните денови на Гатузо во Хајдук, незадоволни навивачи, полициско обезбедување на тренингот, и општа тензија околу клубот. „Хајдук е голем клуб во мал град, тоа е начин на живот. Горд сум што бев дел од тоа“, рече тој, со јасна почит кон навивачите и историјата на клубот, иако заминува разочаран.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |