Стигна и Романо со потврда: Хујсен е нов играч на Реал Мадрид!

May 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна и Романо со потврда: Хујсен е нов играч на Реал Мадрид!

Реал Мадрид ја доби трката за потписот на младиот и исклучително талентиран дефанзивец, Дин Хујсен, потврди Фабрицио Романо. Сите детали околу трансферот се веќе договорени, и останува само 19-годишниот играч да ги помине лекарските прегледи пред да стави потпис на договорот. Хујсен блесна со извонредни настапи во дресот на Борнмут, каде што беше позајмен од Јувентус, што доведе до тројно зголемување на неговата трансферна вредност. За неговите услуги, „кралевите“ ќе платат околу 50 милиони фунти, сума која ќе биде исплатена во неколку рати. Договорот предвидува петгодишна соработка, со бруто плата од 9 милиони евра по сезона. И покрај тоа што англиските гиганти како Челси, Ливерпул и Арсенал биле подготвени да понудат и двојно повисоки финансиски услови, Хујсен не се поколебал. Младиот Шпанец, роден во Холандија, ја одбрал емоционалната страна на приказната – да го облече белиот дрес на клубот за кој отсекогаш сонувал да игра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.