Далиќ: Пет години зборувам како се однесуваат ФИФА и УЕФА!

June 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Далиќ: Пет години зборувам како се однесуваат ФИФА и УЕФА!

Италија и Хрватска вчера одиграа нерешено а тој резултат беше доволен Италија да помине понатаму, а Хрватска да се надева на други со скоро никакви шанси, но теоретски се во игра. За реакциите на Хрватска по натпреварот, шпанскиот весник ,,AS’’ пренесува дека Далиќ шири ,,теории на завери’’. „Зборувам за тоа како се однесува ФИФА и УЕФА веќе пет години и никој не ме слуша, испаѓам смешен. Ние сите за нив сме мали, се што зборувам, зборувам во ветер“ цитиран беше Далиќ од мадритскиот весник. Далиќ имаше замерка за продолжението од осум минути, а за истото зборуваше и Модриќ. „Благодарение на голот на Закањи во продолжението Италија ја прескокна Хрватска. Далиќ кој ги одведе Хрватите од второто и третото место на последните две светски првенства, знае дека тие два бода нема да се доволни за место во осминафиналето. Сугерираше хрватскиот селектор на продолженото време кое го додели судијата“, пишува „Guardian“.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.