Кин: Хојлунд игра како дете од академија, а за него платија 85 милиони евра

May 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кин: Хојлунд игра како дете од академија, а за него платија 85 милиони евра

Рој Кин уште еднаш не остави простор за милост. Овојпат на мета се најде скапото засилување на Манчестер Јунајтед Расмус Хојлунд. По поразот од Челзи и новиот шок во низата на срамни резултати, Кин без двоумење „удри“ директно по Данецот. „Хојлунд вечерва изгледаше како Тирик Џорџ од Челзи, како дете што штотуку излегло од академија. Сè беше погрешно: трчањето, темпото, начинот на кој се поставува кога е со грб кон голот. Не можам да поверувам дека зборуваме за играч кој чини 85 милиони евра“, рече Кин на Скај Спортс. И додека некои се обидоа да го оправдаат со тоа што околу него нема доволно квалитетни соиграчи, Кин не се согласи со тоа „Постои момент кога мора да си подобар. Да, му треба помош, но ова е Манчестер Јунајтед, а не фудбалско училиште. Големите клубови имаат напаѓачи што создаваат шанси од ништо. Ние тоа не го гледаме кај Хојлунд.“ Поразот од Челзи само ја продлабочи кризата. Тимот на Рубен Аморим сега е 16-ти на табелата, зад нив се само Тотенхем и тројцата испаѓачи. Со пет порази во последните шест мечеви и само два освоени бода од април, Јунајтед изгледа како бледа сенка од она што некогаш претставуваше. Иронијата е болна: единствената шанса за спас е токму финалето на Лига Европа против Тотенхем во Билбао, клуб што заедно со нив, се наоѓа на дното на табелата. Сезоната може да биде катастрофа или чудо. Сè зависи од последниот акт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.