Гвардиола мрази да губи: Не сакаше да честита, туку се расправаше со Хендерсон! (ВИДЕО)

May 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола мрази да губи: Не сакаше да честита, туку се расправаше со Хендерсон! (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола очекуваше дека победата во финалето на ФА Купот ќе биде утеха за неуспешната сезона на Манчестер Сити, но и таа надеж пропадна. Кристал Палас го освои трофејот и запиша историски успех. Еден од најзаслужните за победата на Палас беше голманот Дин Хендерсон, кој успеа да одбрани пенал на Мармуш. Покрај тоа, имаше и спорна ситуација – Хендерсон играше со рака надвор од шеснаесетникот, но судијата не му покажа црвен картон. Во завршницата на натпреварот, Хендерсон одолговлекуваше со играта, што дополнително го налути Гвардиола. По крајот на мечот, шпанскиот тренер јавно го искажа своето незадоволство, особено поради однесувањето на голманот на Кристал Палас. Голманот подоцна откри дека Пеп Гвардиола се налутил поради тоа што задржувал време. „Јас сакав само да се ракуваме, а тој беше разочаран поради тоа што сум задржувал време“ – вели Дин Хендерсон. „Му кажав, „Си доби 10 минути продолжение, што сакаше повеќе?“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.