May 18, 2025 | | Свет
Во вистинска фудбалска драма на „Вембли“, Кристал Палас приреди сензација, совладувајќи го моќниот Манчестер Сити со 1-0 во финалето на ФА Купот. Со тоа, „орлите“ конечно го впишаа своето име на пехарот за првпат по 119 години постоење – момент што ќе остане врежан во меморијата на секој навивач на клубот. Меѓу најзаслужните за историската победа беше голманот Дин Хендерсон, кој блесна со неколку одлични интервенции, вклучувајќи и одбранет пенал од Омар Мармуш. Но, колку и да беше херојот на мечот, Хендерсон беше на само чекор од тоа да стане трагичар – и тоа во најнезгоден момент. Среде напната атмосфера, голманот ризикуваше сè кога играше со рака надвор од шеснаесетникот, попречувајќи потенцијално израмнување од страна на Ерлинг Халанд. Ситуацијата веднаш ја подигна тензијата, а сите очи се вперија во ВАР-собата. Но, по внимателна анализа, судиите решија да не интервенираат. Од ФА објаснија дека Хендерсон не спречил „очигледна шанса за гол“, бидејќи правецот на движење на Халанд не гарантирал сигурна завршница, а покрај тоа, и дефанзивецот Лакроа бил доволно блиску за да го попречи напаѓачот на Сити. Реакциите не изостанаа. Пеп Гвардиола кусо, но со доза на иронија рече: „Прашајте го судијата“. Од другата страна, тренерот на Палас, Оливер Гласнер, со насмевка од уво до уво изјави: „Играл со рака надвор? Тогаш одлуката е навистина добра за нас!“
Henderson did this, didn’t receive a red card and then went on to SAVE a penalty 😭😭😭 https://t.co/W5ZZbOqtsc pic.twitter.com/u5XSrAPbnw
— Mystershirt 👕📦 (@Mystershirt) May 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |