May 18, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти наскоро ќе го преземе кормилото на бразилската фудбалска репрезентација, но пред него не стојат само спортски предизвици – туку и хаосот што владее во фудбалската федерација на земјата. Иако официјално треба да стане селектор на 26 мај, неговото доаѓање се поклопува со тежок период во Бразилската фудбалска федерација (CBF). Досегашниот претседател Едналдо Родригес беше отстранет поради сомнежи за неправилности при изборот во 2022 година, вклучувајќи и наводно фалсификување на потпис. Наместо него, привремено е поставен Фернандо Сарни, кој вети дека ќе организира нови избори, но сепак ја поддржува одлуката за назначување на Анчелоти за селектор. Родригес не се согласува со смената и поднесе жалба до Врховниот суд. Тој тврди дека поради внатрешните судири и политичката нестабилност, Бразил дури ризикува да биде исклучен од квалификациите за Светското првенство 2026. Исто така, ФИФА и КОНМЕБОЛ засега не го признаваат новото раководство на федерацијата. Во меѓувреме, Бразил се наоѓа на четвртото место на табелата во јужноамериканските квалификации – позиција што води директно на Мундијалот, но со само шест бодови предност пред Венецуела, која е седма. Анчелоти доаѓа со цел да донесе нова енергија и конечно да ги врати „селесао“ на врвот, каде што не се од 2002 година. Сепак, пред да почне со вистинска работа на теренот, ќе мора да се справи со сериозните проблеми зад кулисите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |