June 25, 2024 | | Свет
Хакан Чалханоглу реши да го одбие Баерн Минхен и да остане во Интер каде прерасна во еден од најважните играчи. Наводно тој не успеал да се договори со Баерн па потврди дека е среќен во Интер и дека останува. „Пресреќен сум во Интер. Односот со навивачите и клубот е навистина посебен. Возбуден сум што ќе имам шанса со Интер да освојувам титули и во иднина“, вели Чалханоглу. Тој во Интер пристигна пред три години од редовите на градскиот ривал Милан, а успеа и да игра во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година, а сезонава го освои Скудетото. Претходно играл во Карлсруе, Хамбург и Баер Леверкузен. Во моментов е со селекцијата на Турција на ЕП во Германија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |